Контакт Центар / 078-219-978 / 078-219-976 / Пон-Сабота 10:00 - 17:00

Sportikum

НАЈЧЕСТO ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

Како да нарачам
Процесот на нарачување е едноставен. Нарачувањето се врши страната во неколку чекори. Одберете го посакуваниот производ, кликнете на потребната големина и кликнете додади во
кошничка и кликнете наплата. Пополнете ги сите потребни полиња и на крајот кликнете на полето НАРАЧАЈ.Ке добиете e-mail дека нарачката е успешно извршена а кога ке биде
испорачана исто така ке добиете потврден e-mail дека вашата нарачка е во достава.

Како да направам рекламација на производ?
Повеќе детали за да направите рекламација можете да погледнете ОВДЕ.

Сакам да направам нарачка но не сум сигурен како тоа да го направам?
Ве замолуваме во тој случај да не контактирате на телефонскиот број 078 219 976 и ние ќе ја извршиме нарачката за Вас.

Дали е можно нарачаните производи да ги вратам и да бидам рефундиран?
Можете да бидете рефундирани за нарачаните продукти, повеќе детали можете да погледнете ОВДЕ.

Ми пристигна нарачаниот производ но не ми е соодветна големината, што да правам?
Можно е да извршите замена на големината на порачаниот производ, повеќе детали можете да погледнете ОВДЕ

Ја заборавив лозинката за пристап до својот профил. Што да правам?
Потребно е да кликнете на Пријавете се, потоа на линкот Ја заборавивте лозинката? во новиот прозорец внесете го вашиот емаил на кој ќе пристигне линк за замена на лозинката.

Кое е работното време на корисничката подршка?
Работни денови: 09:00-17:00 часот
Сабота: 10:00-14:00 часот

Кој е минималниот износ за нарачка?
Минималниата вредност на нарачка изнесува 600ден.

Која курирска служба врши испорака на нарачаните производи?
Курирската служба ИН ПОШТА РАДЕВСКИ (екстерна фирма која ја врши доставата за нас) пратките ги доставува на адресата за испорака секој работен ден 08:00 до 16:00 часот, и сабота
од 09:00 до 14:00 часот.

Кои денови се врши испораката?
Испораката се извршува секој работен ден 08:00 до 16:00 часот, и сабота од 09:00 до 14:00 часот

Колку треба да платам за испорака?
Нарачајте што и да посакате, и за сите нарачки над 2000 ден. испораката е бесплатна. За нарачки чија вредност е помала од 2000 ден. доставата изнесува 130 ден.

Што се случува доколку не сум на наведената адреса во моментот на испорака?
Во тој случај курирот ќе Ви испрати СМС порака за да можете да договорите друг термин за испорака. Доколку не го контактирате курирот тој секако ќе се обиде да изврши испорака наредниот ден.

Дали плаќањето може да се направи со електронска платежна картичка?
Својата онлајн нарачка може да ја платите користејќи платежни картички на Visa, Visa Electron, MasterCard, или Maestro. Картичката мора да биде одобрена од страна на банката на
издавачот за online (Internet) плаќање.

Дали се врши конверзија на валутата при плаќање со платежна картичка?
Сите плаќања мораат да бидат направени во денари. Доколку се плаќа со платежна картичка од странски банки, денарскиот износ при трансакцијата ќе биде конвертиран по курсот на
Народна Банка на Македонија, односно по курсот на операторите кои работат со платежната картичка (Банката).