1. Информација за нарачка
-При креирање на нарачката ќе добиете меил за потврда дека нарачката е примена од наша страна.
Нарачките направени за викенд и државни празници се процесираат наредниот работен ден.
2. Рок за испорака
-Испораката се врши преку курирска служба од понеделник до петок → 8 – 20ч и сабота → 8 – 16ч.
Вообичаен рок за испорака е од 2 до 4 работни денови.
3. Цена на испорака
За нарачки чија вредност е под 2990 денари, трошокот за достава е 120 денари.
За нарачки чија вредност е над 2990 денари, трошокот за достава е бесплатен.
Трошокот за достава се плаќа на врата при испорачување на пратката.
4.ПРОЦЕДУРА ЗА ЗАМЕНА НА ПРОИЗВОДИ
-Доколку по прием на нарачаниот производ заклучивте дека сакате да го замените за друга големина или друг производ за ист или повисок износ, Ве молиме да не контактирате на телефонскиот број 078219976 или 078219978 или да ни испратите е-маил на sportikum.mk@gmail.com Неопходно е да го имате бројот на фактурата/испратница и да ни го кажете кодот на производот и големината која Ви одговара.
Потоа се врши физичка проверка во кој малопродажен објект е достапна бараната големина, односно бараниот производ по што добивате насоки и објаснување на процесот за замена на потребната големина, односно замена на производот за друг.
Производот мора да бидe неоштетен и спакуван во неговото оригинално пакување со етикета и фактура.
По прием на производот, ќе се утврди дали производот е во правилна состојба и неоштетен. Доколку се утврди дека настанало оштетување на производот по вина на купувачот, ќе биде одбиена замената и производот ќе биде вратен на купувачот на негов трошок.
Без претходна комуникација и договор со операторите во Онлајн продавница, кој е наведен погоре, не можете самоиницијативно да правите замена во малопродажните објекти на нарачаниот производ.
Нарачаниот производ не може да се менува доколку истиот е носен.
5.РОК ЗА ЗАМЕНА
Процедурата за замена на производи купувачот може да ја започне најдоцна во рок од 15 дена од прием на производот. Потоа, рокот за замена на големина на производ е 15 дена од моментот на поднесување барање од страна на купувачот, по прием на производот.
Трошоци за достава
Трошоците за замена на производи се на товар на купувачот, освен во случаите кога купувачот купувачот добил неисправен или погрешен производ.
НАПОМЕНА:
Со потврда на нарачката, со клик на копчето НАРАЧАЈ, се согласувате со условите за замена на поголем производ и замена на производот со друг.
Замена за погрешно испорачан производ или оштетен производ
Овој тип на замена е возможна доколку Спортикум има испорачано погрешна шифра, погрешна големина или оштетен производ. Потребно е во рок од 24 часа од приемот на пратката да не известите на тел: 078 219 978 / 078 219 976 или на sportikum.mk@gmail.com Нашите оператори ќе ве контактираат во најбрз можен рок за понатамошната постапка.
Со ваша согласност, ќе ви биде испратен точниот производ.
Спортикум ја превзема обврската за подмирување на трошокот за достава за заменски нарачки под 2000 денари, само доколку испорача несоодветен производ во однос на големина, модел или оштетен производ.
Рок за враќање на производ
Рокот за враќање на производ е 15 работни денови од приемот на пратката.
Одбиено барање за рефундација
Доколку се утврди дека вратениот производ е оштетен по вина на купувачот, враќањето на производот ќе биде одбиено и ќе биде вратено на купувачот на негов трошок.